Најмалку осммина мртви во експлозија во Кабул

Од:

Најмалку осум лица загинаа, а над 15 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти денеска авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Портпаролот на Министерството Тарик Аријан рече дека меѓу загинатите има деца, жени и стари лица, а меѓу повредените е и Кан Мохамед Вардак, член на Парламентот.

Тој рече дека станува збор само за прелиминарен извештај и дека бројот на жртви може да биде поголем.

Експлозијата ги запали блиските автомобили и оштети згради и продавници.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но последните денови групи поврзани со терористичката Исламска држава презедоа одговорност за серија напади во Кабул, вклучително и еден врз образовни институции во кој беа убиени 50 лица, претежно студенти.

Исламска Држава ја презеде одговорноста и за вчерашниот ракетен напад врз американската база во Авганистан, во кој, според официјални претставници на НАТО, нема жртви.

Би можело да ве интересира

Нападната база во Кабул: Има мртви

Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Кабул

Повеќе од 20 луѓе загинаа во самоубиствен бомбашки напад во Кабул

А1он

Експлозија на воениот аеродром во Кабул – има загинати

Напад во хотел во Кабул популарен кај Кинезите, Талибанците ги убија напаѓачите

А1он

Нападната е пакистанската амбасада во Кабул, има повредени