Најмалку еден загинат и 21 повреден во напад на Американскиот Универзитет во Кабул

Од:

Најмалку еден загинат и 21 студент повреден за време на нападот на Американскиот Универзитет во Кабул, пренесува Си Ен Ен.

Напаѓачите детонирале експлозиви и пукале со оружје кога влегле во кампусот, велат сведоците. Некои се скриле во зградата, додека пак другите останале во кампусот, велат од полицијата.

Полицијата се уште трага по напаѓачите.

– Беше многу темно и сите трчаа. Наеднаш почнаа да викаат, тоа беше најстрашниот момент во мојот живот. Само мислев на своите деца кои се во САД, вели за Си Ен Ен Самин, вработен во Универзитетот.

Кога го видел црниот чад, тој почнал да бега заедно со студентите и останатите вработени.

Нападот се уште не е разјаснет, а полицијата најавува повеќе детали за подоцна.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он