Најмалку двајца загинати при уривање на зграда во Индија

Од:

Најмалку две лица загинаа денеска, а неколкумина други се повредени при уривање на зграда во индискиот главен град Њу Делхи.

Спасувачките екипи стравуваат дека под урнатините на станбениот објект, кој бил изграден пред повеќе од 150 години, би можело да има уште затрупани луѓе.

Уривањата на згради се честа појава во Индија. Повеќе од 60 лица загинаа во ист ваков инцидент во Мумбај пред две недели.

Според експерти, стотици згради во Индија се во многу лоша состојба и потребана е нивна целосна реконструкција или уривање.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка