Најмалку двајца загинати од тајфунот Фанфон во Јапонија

Од:

Најмалку две лица загинаа, a петмина се водат како исчезнати откако моќниот тајфун Фанфон денеска зафати големи делови на Јапонија, вклучувајќи го и Токио, јави ДПА.

Тајфунот Фанфон мина преку градот Хамамацу, во централниот дел на Јапонија, соопшти националната метеоролошка служба.

Околу 2,7 милиона лица беа посоветувани да се евакуираат од своите домови, но повеќето предупредувања во меѓувреме беа повлечени, посочи агенцијата Кјодо.

Уште се во сила предупредувањата за свлечишта од кал, што се формираа од надојденитереки и силните ветрови во некои делови на земјата, посочи метеоролошката служба.

Во источна и централна Јапонија десетици илјади домаќинства останаа без електрична енергија. Во градот Шизука количеството на врнежи достигна 87 сантиметри на час.

Две лица во Јокохама се исчезнати откако утринава две свлечишта затрупаа храм и станбен блок.

Вчера 58-годишна жена беше пронајдена мртва откако паднала од висока скала за тоеме на силен ветар на островот Окинава, соопшти сајтот „Окинава тајмс“.

Тројца американски воени пилоти вчера беа однесени од големи бранови. Едниот бил пронајден мртво додека другите двајца се исчезнати, соопшти американската военовоздухопловна база  Кадена.

Властите трагаат и по студент кај водите на градот Фуџисава, јужно од Токио. Тој отишол да сурфа и оттогаш е исчезнат, соопшти телевизијата Ен Ејч Кеј.

Воздухопловните власти откажаа повеќе од 600 летови, закажани за денеска. Многу возови, исто така, привремено се запрени.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски