Најмалку деветмина алпинисти загинаа на Монт Блан

Од:

Во снежна лавина во францускиот алпски скијачки центар Шамони, утрово загинаа најмалку девет, а повредени се најмалку осум лица – соопшти француската полиција.

Полицијата соопшти дека еден од повредените утрово се јавил за помош околу 5 часот.

Лавината го зафатила третиот по височина врв на Монт Блан, Мон Модит, познато собиралишта за планинарите од целиот свет.

Меѓу загинатите има тројца Британци, двајца Германци и двајца Шпанци. Уште најмалку осум лица се водат за исчезнати меѓу кои исто така Британци и Шпански државјани.

Масивната лавина од снег се струполила врз планинарите во раните утрински часови околу 05:00 часот, кога алпинистите го пробивале патот до Монт Модит, познат уште и по името “проклет врв”.

Повеќето од алпинистите биле врзани заедно и оделе во група на она што се смета за едно од најопасните искачувања во Европа.

Кристијан Тромсфор, од француската планинска асоцијација, изјавил дека не можат да потврдат никакви детали за полот, возраста и идентитетот на жртвите. 28 луѓе биле дел од групата која се искачувала на планината Модит, сите од нив од различни националности, велат од полицијата.

Полковник Бертран Франсоа, командант на француската жандармерија Haute-Savoie, во врска со исчезнатите лица рече : “Не значи дека тие се под лавина, но ние сме крајно загрижени за нивната безбедност.”

Девет лица повредени во несреќата беа евакуирани со хеликоптер во болниците во близина.

Британскиот алпинист Кентон Кул за BBC изјавил: “Да се слушне оваа тажна вест е вистински шок. На секои неколку години на таа патека, е сосема нормално да има голема лавина и сте планинари знаат дека за жал тоа е црна дамка на планината.

Во однос на алпинистите кои се уште се водат за исчезнати, Кул изјавил дека : “За жал по првите 15 – 20 минути стапката на преживување драматично опаѓа, но тоа не значи дека треба да се откажат од надежта”.

Градоначалникот на Шамони, Ерик Форниер изјави дека немало никакви предупредување дека ќе се случи најголемата и најкрвава лавина на снег забележана во последните години.

Според Форниер, ниту еден временски извештај не може да предвиди лавина, таа останува ризик за секој планинар.

Во август 2008 година загинаа осум алпинисти – три од Швајцарија, еден германски и четири австриски.

И покрај тоа што е популарен како туристичка дестинација, и во зима и лето, Мон Блан е еден од најсмртоносните врвови во светот.

Тој со себе во смртта има земено повеќе планинари од било кој друг планински венец, со годишна бројка на загинати која редовно достигнува повеќе од 100. Многу од оние кои се обидуваат да се искачат се неискусни и не знаат за опасностите од гигантските надвиснати снежни карпи.

Би можело да ве интересира

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он

Загина чешки турист додека фотографирал огромни бранови на Канарските острови

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Во САД: Камион на FedEx се преврте преку мост, петмина се повредени