Најмалку девет жртви на тајфунот Халонг во Јапонија, откажани 800 летови

Од:

Најмалку девет лица загинаа од тајфунот Халонг што ја зафати Јапонија во текот на изминатата ноќ.

Агенцијата Кјодо информира дека уште две лица се водат за исчезнати.

Според податоци на локалните медиуми, најмалку 80 лица се здобиле со различни травматолошки повреди.

Во изминатите два дена заради тајфунот беа откажани над 800 летови и тоа ги засегна како гигантите на јапонската цивилна авијација „ЏАЛ“ и „Ол Нипон ервејс“, така и ниско буџетните авиопревозници, каков што е „Пич авиејшн“, информира ИТАР-ТАСС.

japan-typhoon-halong

На над половина милион жители синоќа им било наредено да се евакуираат од своите домови во западните региони на земјата, од каде пристигнуваат информации за свлечишта од кал и надојдени реки.

Властите во неколку региони од земјата предупредуваат на високи бранови, силни дождови и надојдени реки. Халонг во моментов се движи кон Јапонско Море.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски