Најмалку 76 Палестинци загинаа во израелските напади врз Газа

Од:

Најмалку 76 Палестинци загинаа денеска во израелската воена операција во Појасот Газа, со што за 23 дена конфликт, загинале 1.306 Палестинци и околу 7.200 се ранети, наведуваат палестински официјални лица.

Од почнувањето на израелската офанзива на 8 јули, убиени се 53 израелски војници. Тоа се најтешки загуби на израелската армија од војната против либански Хезболах во 2006 година.

Според Бирото за координирање на хуманитарни прашња на ОН, во израелската воена операција во Појасот Газа убиени се 1.118 луѓе меѓу кои 827 цивили од кои 243 деца.

Ранети се 6.233 луѓе од кои 1.949 деца.

Освен тоа, над 240.000 Палестинци ги напуштиле своите домови заради насилствата во Појасот Газа. Над 200.000 од нив побарале помош во 85 спасувачки центри на агенцијата на ОН.

Би можело да ве интересира

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа