Најмалку 61 загинати при лизгање на земјиштето во Колумбија

Од:

Најмалку 61 лице загинаа при лизгање на земјиштето во провинцијата Антиокија во северозападна Колумбија, соопштија властите во Богота.

Спасувачките екипи кои работат на теренот се уште откриваат мртви тела, па се стравува дек бројот на жртвите во оваа природна катастрофа може да биде многу поголем.

Лизгањето на земјиштето го предизвикаа неколкудневните обилни врнежи, по што реката Либоријана ги однесе насипите кај градот Салгар и предизвика покренување на земјиштето.

Тоа предизвика поголемиот дел од селото Санта Маргарита, југозападно од Меделин, главниот град на провинцијата, да биде „целосно збришано“.

Големата маса земја и кал ги затрупала куќите и луѓето кои во нив живееле. Најтешко се погодени 30 семејства од селото.

Властите соопштија дека засега 37 лица се регистрирани како повредени, но таа бројка постојано се зголемува.

Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос го посети градот Салгар и најави дека Владата ќе направи се што е потребно за да им се помогне на унесреќните. Тој порача дека во овој момент најважна работа е спасување на лугето и сместување на повредените во болниците.

Во спасувачката операција се вклучи и колумбиската армија, која се воени хеликопетри ги префрла сите повредени по болниците и ги извлекува преживеаните од настраданото подрачје.

Повеќе од сто војнци се ангажирани за да помогнат за санирање на последиците од природната несреќа.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски