Најмалку 60 лица погинаа во поплавите во Северна Кореја, пренесе ТАСС, повикувајќи се на државната агенција КЦТА.
Се уште е непозната судбината на 25 лица.
Поплавите во северниот дел на земјата биле предизвикани од поројните дождови на крајот од минатиот и почекот на овој месец.
Поплавите предизвикаа тешки оштетувања на инфраструктурата. Разурнати се 560 јавни и 30 производствени згради, а над 2.000 хектари оризови насади се под вода.
Властите евакуирале и над 44 000 лица.