Најмалку 56 загинати и 178 исчезнати во поплавите во Кина

Од:

Билансот на жртвите од поплавите и лизгање на земјиштето во кинеската провинција Сечуан се искачи на 56 лица, додека 178 други се водат како исчезнати.

Како што јави ДПА, ова се едни од најголемите поплави во Сечуан во последните 50 години. Поплавите и лизгање на земјиштето, кои се последица на поројниот дожд што врне уште од неделата, уништија повеќе од 20.000 домови, а околу 240.000 луѓе беа евакуирани.

Предизвиканата штета од елементарната непогода е проценета на 7,7 милијарди јуани (1,25 милијарди долари), соопштија локалните власти.

Во една од најтешко погодените области во близина на Сечуан, градот Дуџиангуан, спасувачките екипи пронајдоа 18 тела под урнатините на нивните домови, додека 107 лица се водат како исчезнати.

Во истата провинција уште 12 луѓе се водат како исчезнати, откако најмалку шест возила и неколку пешаци паднале во реката Џијанју по уривање на мост, објавија локалните власти.

Кинеското Министерство за цивилни работи соопшти дека во текот на оваа недела десетици луѓе загинале во летните поплави во други провинции.

Би можело да ве интересира

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски