Најмалку 40 загинати во железничка несреќа во Индија

Од:

Патнички воз денеска удри во застанат товарен воз во најнаселената држава во Индија, Утар Прадеш.

Во несреќата загинаа најмалку 40 лица, а ранети се над 150, соопштија полицијата и претставници на железницата.

Здробените патнички вагони при несреќата се качиле врз товарната композиција, а многу луѓе останале блокирани во нив.

– Несреќата се случи во близина на станицата во округот Сант Кабир Нагар во државата Утар Прадеш, изјави полицискиот портпарол во локалниот главен град Лукнау.

Новиот премиер на Индија Нарендра Моди, кој денеска стапува на должноста, вети дека ќе посвети специјално внимание на железничката мрежа во Индија, што се наоѓа во многу лоша состојба.

Тој денеска изрази жалење за жртвите.

Инцидентите се честа појава на железничката мрежа на Индија, една од најголемите во светот, во која 23 милиони патници секој ден патуваат со околу 11.000 патнички возови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку деветмина загинати, а 64 се тешко повредени во експлозија во хемиска фабрика во Индија

Индија: Најмалку девет лица починаа од топлотен удар

Пијан малолетник во Индија со „порше“ усмрти две лица, за казна мора да напише есеј

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски