Најмалку 38 лица убиени во Сирија

Од:

Најмалку 38 лица загинаа денеска во судирите во Сирија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Според центарот десет лица, меѓу кои пет жени загинале во нападот на армијата со тешка артилерија во Хула. Сто и осум лица, од кои голем број жени и деца, беа убиени во тој централен сириски град на 25 мај минатата година.

Најмалку осум лица од едно семејство, вклучувајќи две деца и три жени се убиени во воздушен напад, извршен од силите на режимот на претседателот Башар ал Асад во контролираниот од бунтовниците град Ал Баба, во северна Сирија.

Според информациите на Центарот во Сирија вчера се убиени 165 лица, од кои 31 дете.

Насилството во земјата од почетокот на конфликтот пред 22 месеци досега зеде над 60 илјади жртви.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски