Танзаниската полиција соопшти дека најмалку 35 луѓе, од кои 32 мали деца загинаа откако возачот на училишен автобус изгуби контрола на возилото и удри во дрво и излета од патот.
Меѓу загинатите се и двајца наставници и возачот на автобусот. Во сообраќајната несреќа повредени се четири лица.
Со автобусот се превезувале учениците од основно училиште од Аруша, а несреќата се случила во близина на реката Млера, северна Танзанија.
Претседателот на Танзанија, Џон Магуфулуи им изрази сочувство на семејствата на жртвите.