Најмалку 30 повредени при земјотрес во Кина

Од:

Најмалку 30 лица се повредни денеска при земјотрес со интезитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди југозападната кинеска провинција Јунан.

Според кинеските медиуми, при земјотресот се урнати над 700 куќи, а уште околу 2.500 други се оштетени.

Епицентарот на потресот бил на 31 километар од градот Дили, на девет километри под површината на земјата.

По првиот земјотрес, како што јави ДПА, се регистирани уште најмалку 34 последователни потреси.

Југозападниот дел на Кина реон со засилена сеизмичка активност, каде земјотресите се честа појава. При два земјотрес во Јунан, лани во септември, дојде до лизгање на земјиштето при што загинаа 80 лица.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он