Најмалку 29 лица загинаа во ракетен напад на сирискиот режим врз Алепо

Од:

Најмалку 29 лица, меѓу кои 19 деца, загинаа вчера во ракетен напад на сириските владини сили врз градот Алепо, соопшти денеска Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

– Најмалку 29 лица, меѓу кои 19 деца и четири жени, се убиени во квартот Баб Најраб во ракетен напад на силите на режимот на Башар ал Асад, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Групата со седиште во Лондон, своите информации ги добива од широка мрежа лекари и активисти низ Сирија.

Според воените аналитичари употребата на вакво оружје може да покажува недостиг на пешадиски сили во редовите на војската на претседателот Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски