Најмалку 29 Американци загинаа во нападите во Израел

Од:

Најмалку дваесет и девет американски државјани се убиени во нападите на милитантната група Хамас во Израел, потврди портпаролот на американскиот Стејт департмент. Претходно беше потврдено дека во насилствата животот го загубија 27 Американци.

Портпаролот рече дека САД имаат информации дека 15 нивни граѓани се водат за исчезнати и дека работат деноноќно за да ја утврдат нивната локација. САД соработуваа со израелската влада за секој аспект од заложничката криза, вклучително и споделување разузнавачки информации, рече портпаролот.

Би можело да ве интересира

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД