Најмалку 27 лица загинаа во судири во Северозападна Кина

Од:

Најмалку 27 лица загинаа изутринава во судири во близина на префектурата Турфан, во претежно муслиманскиот Синџијанг-Ујгурски автономен регион, во Северозападна Кина, јави Синхуа.

Според очевидци откако во судирите загинале 17 лица, меѓу кои 9 полицајци и 8 цивили, полицијата интервенирала и отворила оган убивајќи десетмина напаѓачи.

Нападот се случил изутринава кога група напаѓачи, вооружени со ножеви, ја нападнале полициската станица и зградата на локалните власти во градот Лукун, на околу 200 километри од регионалниот главен град, Урумчи.

Етничките тензии меѓу муслиманските Ујгури и кинеските Хан заедници во регионот Синџијанг често резултираат со случаи на крваво насилство.

Би можело да ве интересира

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина