Најмалку 27 лица загинаа при напад врз два хотела во Тунис

Од:

Најмалку 27 лица загинаа во нападот врз два хотела во тунискиот град Су, каде престојувале главно странски туристи, соопшти Министерството за внатрешни работи на Тунис.

Инцидентите се случија откако вооружени лица влегле во хотелите и отвориле оган врз туристите. Според дел од западните медиуми во регионот на нападнатите хотели се слушаат истрели.

– Операцијата за ликвидирање на напаѓачите продолжува, изјави портпаролот на туниското МВР, Мохамед Али Аруи.

plazaNapad12

Според туниските медиуми, еден од нападнатите хотели е „Империјал Мархаба“. Меѓу загионатите има туристи од Германија и Велика Британија.

Tunis-ubistvo-4-620x350

Туниското МВР соопшти дека меѓу убиените се наоѓа најмалку еден од напаѓачите, а до телото е пронајден автомат „калашников“.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен