Најмалку 26 деца убиени во последните напади во Сирија

Од:

Во нападите на сириската армија врз предградијата на Дамаск, што се под контртола на бунтовниците, загинаа најмалку 126 лица, а ширум Сирија животот го загубија 26 деца, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права.

Информациите за загинување на децата пристигнаа во момент кога организацијата за заштита на човеквите права „Хјуман рајтс воч“ го обвини режимот на Башар ал-Асад дека се повеќе ги употребува забранетите касетни бомби, а меѓународната заедница го повика Советот за безбедност на ОН да побара Меѓународниот кривичен суд да ги истражи воените злосторства сторени во текот на судирите, што траат речиси две години.

Осум деца загинаа во напад врз градот Моадамијат ал-Шам, југозападно од Дамаск, каде животот го загубија и пет жени, сооопшти сириската Опсерваторија за човекови права, додавајќи дека децата биле на возраст меѓу шест месеци и девет години.

Сириската државна телевизија за смртта на децата ги обвини „терористите“, пренесоа француските медиуми.

Во близина на Дамаск, исто така, беа убиени уште четири деца, а осум загинаа во северната покраина Алепо, од кои пет во воздушен напад.

Шест деца го загубија животот на други места низ Сирија.

Според податоците на Опсерваторијата за човекови права, најмалку 3.500 деца се убиени од почетокот на судирите во Сирија во март 2011 година, додека ОН наведуваат дека од тогаш се убиени вкупно 60.000 лица.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски