Најмалку 24 рудари загинаа во пожар во рудник за јаглен во Кина

Од:

Во пожар што рано утринава се појави во рудник за јаглен во кинеската провинција Лиаонинг, на североисток од земјата, загинале 24 рудари, а 52 се повредени.

Засега не е позната причината за појавата на огнот, јави кинеската агенција Ксинхуа.

Минатата година, во рудниците во Кина беа регистрирани 589 инциденти и во нив, според официјални податоци, загинаа или не се пронајдени, 1.049 лица.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он