Најмалку 200 жртви на невообичаено високите температури во Индија

Од:

Најмалку 200 лица починаа во јужна Индија како последица на невообичаените горештини за оовј период од годината, соопшти денеска индиското Министерство за здравство, сумирајќи ги податоците од сојузните држави кои се најмногу погодени од топлиот бран – Одиша, Телангана и Андра Прадеш.

Како што јавува ТАСС, најмногу жртви има во Теленгана, каде од топлотен удар починаа над 100 лица, слична е состојбата и во Андра Прадеш, каде има над 70 жртви.

Метеоролозите во овие држави измерија невообичаено високи температури за овој период оф годината, кои преку ден достогнуваат и до 43 степени во сенка, што е за шет до шест степени над просекот.

Најлоша е состојбата во Одиша, каде е иземерена температура од 46 степени, која однесе најмалку 45 жртви.

Научниците за оваа година за јужна Индија предвидуваат максимални температури од над 48 степени.

Властите  стравуваат од повторување на минатогодишната состојба кога невообичаените горештини беа причина за смртта на над 2.000 лица и најавија прогласување вонредна состојба во најтоплите региони од земјата.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка