Спасувачки тимови трагаат по најмалку 20 ученици кои се изгубија во планинските предели на Велс, јавија британските медиуми.
Службите за итна помош биле алармирани за инцидентот на Брекон Бејконс околу 13 часот по локално време. Би-Би-Си јави дека исчезнале 24 деца, додека Гардијан јавува дека нивниот број е 20.
Марк Моран, портпарол на спсувачкиот тим за Би-Би-Си изјави дека тие веруваат дека ја знаат локацијата на децата, но дека се изгубиле во облаците. Медиумите соопштуваат дека се верува дека најмалку две од децата добиле хипотермија.
„Телеграф“ информира дека во потрагата се вклучени три планински спасувачки тимови, полиција и хеликоптер на крајбрежната стража.
Децата се од Англија и се на возраст од околу 15 години.