Најмалку 2.330 луѓе починаа во топлотниот бран што ја зафати Индија

Од:

Најмалку 2.330 луѓе починаа во топлотниот бран што ја погодин Индија, а во некои градови измерена е температура и до 48 степени Целзиусови.

Од горештините најпогодена е индиската сојузна држава Андра Прадеш, каде во последните 24 часа починаа 42 лица со што бројот на жртви се искача на 1.719, изјави директорот на државната Институција за управување со катастрофи.

Во соседната држава Телангана починаа најмалку 585 лица, додека во Одиш забележани се 26 смртни случаи.

Највисоката температура од 45,4 степени Целзиусови вчера е измерена во Далтонгану во државата Џарканд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку деветмина загинати, а 64 се тешко повредени во експлозија во хемиска фабрика во Индија

Индија: Најмалку девет лица починаа од топлотен удар

Пијан малолетник во Индија со „порше“ усмрти две лица, за казна мора да напише есеј

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски