Најмалку 18 загинати во пожар на нелегален пазар во Индија

Од:

Најмалку 18 лица загинаа утринава во пожар на шесткатен нелегален пазар за пластични производи во источниот индиски град Колката (поранешна Калкута) , пренесоа американскикте медиуми, повикувајќи се на локалната противпожарна служба.

Пазарот на тоа место постоел речиси 40 години, но според полицијата бил „нелегален, без одобренија“.

Загиналите се амали, кои работеле на пазарот и ноќите ги минувале во него.

Пожарот избувнал во 4 часот утринава и е предизвикан веројатно од куса врска.

При горењето се одделиле токсични гасови, што ја отежнало спасувачката операција.

Девет лица се пренесени во болница во тешка состојба, поради што бројот на загинатите може да нарасне.

На крајот на 2011 година пожар во болницата во Колката го одзеде животот на над 90 лица, посочуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка