Најмалку 18 загинати во напад на сириската армија врз Алепо

Од:

Сириски воени хеликоптери фрлија денеска бомби над градот Алепо при што загинаа најмалку 18 луѓе, а голем број се ранети, соопшти Сирискиот центар за човекови права.

Активисти од Алепо наведуваат дека една бомба паднала и врз складиште за горива. Притоа избувнал пожар во кој се повредени голем број луѓе.

Според него, во нападот врз квартот Кади Аскар загинале најмалку 10 луѓе. Нападот е извршен еден ден откако Фронтот Нусра и други радикални групи нападнаа зграда на сириското разузнавање во Алепо.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски