Најмалку 17 лица загинаа при лизгање на земјиште во Мјанмар, предизвикано од поројни дождови што го зафатија регионот, јавуваат државните медиуми.
Над 360 лица се евакуирани. Природната несреќа се случи во село во изолиран регион во источниот дел на земјата.
Вкупно над 100 лица загинаа ова лето во Мјанмар при големи поплави, предизвикани од поројни дождови и од циклонот Комен. Од природните непогоди беа зафатени речиси еден милион луѓе.
Природните несреќи добиваат и политички размери, така што, владејачката партија, блиска до поранешната воена хунта, и продемократската опозиција предводена од Аун Сан Су Чи меѓусебно се обвинуваат за реакциите во поплавите, како дел од кампањата за парламентарните избори во земјата закажани за 8 ноември годинава.