Најмалку 14 лица загинаа во пожар што беснеел низ бегалски камп во североисточна Нигерија, потврдија властите, јави ДПА.
Според одговорниот на кампот, Јусуф Гулумбо, пожарот избувнал во селото Нгала, а уништил околу 1.250 куќи.
Кампот е едно од неколкуте засолништа за луѓето кои избегале во овој нигериски регион од милитантите на Боко Харам, јавива германската агенција
Засега не се знае што го предизвикал пожарот, а нигерискиот претседател Мухамеди Бухари нареди истрага за инцидентот.
Пожарот се случува само еден ден пред Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) да соопшти дека ќе ги засили напорите во Западна и Централна Африка за помош на „ранливите групи“, вклучувајќи ги оние кои живеат во ваквите кампови.
Портпаролот на УНХЦР, Бабар Балоч, денеска изјава дека милиони лица се соочуваат со „ повторен ризик од комбинираните ефекти на конфликти и пандемијата на коронавирус“.
-Иако досега нема пријавени случаи на Ковид-19 меѓу овие раселени заедници во 21 земја во регионот, епидемијата може да доведе до „хуманитарна катастрофа“, рече тој.
Според УНХЦР, во Западна и Централна Африка се можеби најголемите присилно раселени популации во Африка, со повеќе од девет милиони погодени лица.