Обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Од:

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се товарат дека како соизвршители сториле – Тешки дела против општата сигурност.

Како што информира Републичкото јавно обвинителство, тројцата обвинети, во раните утрински часови на 13 ноември 2024 година, со пожар предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето, така што опожариле кафе бар во станбена зграда на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје. Притоа на запалениот објект предизвикале и имотна штета од поголема вредност проценета на 362.161 денари.

Обвинетите со автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од еден од нив, пристигнале во близина на кафе барот. Додека тој обвинет останал да чека во возилото, останатите двајца отишле до деловниот простор. Едниот од нив со секира го скршил лизгачкото стакло од кафе барот, а другиот со бензин запалил оган. Потоа сите тројца соизвршители заедно со возилото заминале од место на настанот.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата