Најмалку 14 туниски војници беа убиени, а 20 се повредени при исламистички напад во планинскиот реон Шамби, во близина на границата со Алжир.
– Ова е најтешката загуба на армијата досега во акцијата за прочистување на реонот од исламисти, која започна од декември 2012 година, соопшти туниското Министерство за одбрана.
Нападот е извршен синоќа кога две групи исламисти отвориле оган врз два набљудувачки пункта на армијата во Шамби.
Се претпоставува дека нападот е извршен од вооружена исламистичка група поврзана со Ал Каеда. Кон средината на минатиот месец организацијата „Ал Каеда во Исламски Магреб“ првпат презеде одговорност за нападите во Тунис.