Најмалку 110 повредени во невремето што ја погоди Италија

Од:

Најмалку 110 лица се повредени во невремето што вчера вечерта го зафати и северот на Италија.

Делови од североисточната провинција Венето се погодени, објави во четвртокот регионалниот претседател Лука Зала.

Тој дел од Италија во средата го зафатија бурни ветрови, град и силен дожд. Град со големина на тениски топчиња предизвика сериозни штети во делови од Венето.

Најмалку 110 лица се повредени, а едно лице е во тешка состојба откако паднало од покрив.

Особено беа погодени Тревизо, Венеција, Падова и Виченца.

Противпожарните служби биле повикани повеќе од 200 пати од средата навечер, главно за расчистување на дрвјата од улиците и обезбедување покриви.

Би можело да ве интересира

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја