Најголемата синдикална организација во Тунис ја повика денеска Владата, предводена од исламисти да се распушти.
Министерот за внатрешни работи, Лотфи Бен Жеду, кој е водечка независна политичка фигура, изрази уверување дека е подготвен да поднесе оставка. Според него треба да се формира спасувачка влада или влада на национално единство што ќе го изнесе Тунис од тешката криза.
Влијателната синдикална организација Заеднички туниски синдикат на трудот изјави дека технократска влада треба да го замени актуелниот кабинет предводен од умерената исламистичка партија Ан Нахда. Според синдикатот актуелната Влада е неспособна да продолжи да работи.