Најголема заплена на оружје во историјата на Аргентина

Од:

Аргентинската полиција денеска соопшти дека во обемна операција запленила околу 1.000 пушки, над 30.000 куршуми од различен калибар и над сто експлозивни направи, што претставува досега најголема заплена на оружје во историјата на Аргентина.

Во рамки на операцијата бил извршен претрес на околу 50 локации и биле уапсени 17 лица.

Полицијата информира дека запленетото оружје во Аргентина било прошверцувано од САД и од земји од Европската Унија.

Меѓу запленетото оружје имало пушки „Калашњиков“ и митралези „Браунинг“.

При операцијата се конфискувани и околу 166.000 долари во готовина.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски