Најбараниот криминалец во Еквадор исчезна од затвор

Од:

Озогласениот водач на криминалната група Лос Чонерос исчезна од еквадорскиот затвор во кој се наоѓаше од 2011 година, соопштија властите и започнаа акција за негово лоцирање.

Генералот Цезар Запата, началникот на полицијата, на прес-конференција изјави дека вооружените сили на земјата утврдиле дека еден од затворениците во затворот Гвајакил „исчезнал“. Иако Запата не го спомна името на затвореникот, обвинителите рекоа дека ќе го истражат „наводното бегство“ на Хозе Адолфо Масијас, водачот на Лос Чонерос.

Масијас, чиј псевдоним е „Фито“, беше осуден на 34 години затвор во 2011 година за различни кривични дела, вклучително и трговија со дрога и убиства.

Лос Чонерос е криминална организација која властите ја поврзуваат со изнуда, убиства и трговија со дрога, меѓу другите злосторства, и е обвинета за контрола на главните затвори во земјата.

Би можело да ве интересира

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он