Најавено отворање на најголемиот хотел на светот во Мека

Од:

Отворањето на најголемиот хотел на светот е најавено за следната година во Мека, во кој ќе има 10.000 соби и 70 ресторани.

Објектот, кој е наречен „Абраџ Кидија“ и чија изградба чини околу 3,13 милијарди евра, опфаќа вкупно еден милион метри квадратни, а освен собите и рестораните, во него ќе има и трговски центар и раскошна свечена сала.

Изградбата на хотелот е финансисрана од саудиското Министерство за финансии, а за дизајнот е задолжена меѓународната консултантска компанија „Дер ал-Хендсах груп“.

Хотелот ќе биде наменет за широката јавност, но пет катови се резервирани за одмор на саудиското кралско семејство.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија ќе организира аџилак во Мека оваа година

ВИДЕО: Започна чествувањето на Рамазан во Мека, во затворен простор се примаат само вакцинираните и имуните верници

Жарко Настоски

На мал аџилак во Мека ќе можат да одат само вакцинирани или со стекнат имунитет од Ковид-19

Жарко Настоски

ВИДЕО: Муслиманите на аџилак во Мека со почитување на заштитните мерки

Жарко Настоски

Аџилакот во Мека почна со ограничен број верници

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инвазија на скакулци во Мека

Наум Локоски