Израелскиот премиер Нафтали Бенет негативно е тестиран на коронавирус, откако претходно беше изолиран поради тоа што неговата ќерка е заразена со вирусот.
Бенет вчера го напушти неделниот состанок на владата откако дозна за позитивниот тест на неговата 14-годишна ќерка.
Неговиот кабинет соопшти дека премиерот ќе остане во изолација како мерка на претпазливост.
Новата варијанта на коронавирусот Омикрон забрзано се шири во Израел – бројот на потврдени случаи е веќе 1.118, а бројот на заразени со него се удвојува на секои два дена.