Нафта истече во територијалните води на Кувајт

Од:

Службите за справување со хаварии на Кувајт се борат со последиците од истекувањето нафта вчера во територијалните води на емиратството покрај јужното наоѓалиште Рас ал Зур, изјави денеска портпаролот на кувајтската Национална нафтена компанија, Талал ал Халед ал Сабах.

– Екипите за брза реакција се уште се обидуваат да ја преземат контролата врз нафтената дамка покрај наоѓалиштето Рас ал Зур, изјави Ал Сабах.

Според порапаролот службите ќе почнат да го расчистуваат крајбрежјето, откако ќе утврдат дека нема нови истекувања.

Компанијата засега не ги соопштува причините за истекувањето на нафтата и размерите на несреќата, но според експерите нафтата истекла од стар нафтовод и станува збор за најмалку 35 илјади барели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во Кувајт, има голем број загинати и повредени

Почина кувајтскиот емир Шеик Наваф ал Ахмад ал Џабер ал Сабах

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари

Ана Ололовска

ЕУ: Кувајт покажува напредок во областа на женските права

А1он

Амбасадорот на Кувајт повикан на консултации во ЕУ

А1он

Кувајт егзекутираше седум лица, првпат од 2017 година

А1он