Над 80 активни пожари во Австралија

Од:

Австралиските власти денеска наредија евакуација на жителите од слабо населените селски подрачја во Нов Јужен Велс поради шумските пожари предизвикани од високите температури и силните ветрови.

На луѓето им е наредено да се евакуираат доколку се во можност, а во спротивно да пронајдат засолниште и да ги избегнуваат грмушките и тревниците.

Над 2.000 пожарникари, од кои поголемиот број волонтери денеска се обидуваат да изгаснат 86 пожари ширум Нов Јужен Велс, од кои 38 се вон контрола.

За подметнување на пожар осомничени се 13-годишно момче и 40-годишен маж.

Источниот брег на Австалија е погоден од топлотен бран, а во некои делови измерени се над 45 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он