Над 50 загинати во судир на два автобуси во Гана

Од:

Над 50 лица загина, а уште околу 50 други се повредени денеска при судир на два автобуси во западноафриканската држава Гана.

Како што јави Би-Би-Си, судирот на двата автобуси се случил во местото Китампу, северно од главниот град на Гана, Акра, при што едното од возилата се запалило.

Поголемиот дел од загинатите ги загубиле животите на самото место на несреќата, а останатите подоцна им подлегнале на повредите в болница.

Голем број патници останела заглавени во автобусите по несреќата, поради што биле ангажирани спасувачки тимови за нивно извлекување.

Локалната полиција соопшти дека во двата автобуси имало по околу 50 патници. Причините за несреќата засега не се познати.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени двајца пешаци во Скопје – во едниот удрил мотор, во другиот автомобил

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

Се излизгал на мразот и паднал во канал: Несреќа кај Чачак

А1он

Денеска се одбележуваат 16 години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

А1он

Кардинал од Гана почина три месеци по неговото назначување

А1он