Денеска се одбележуваат 16 години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

Од:

Денеска се одбележуваат шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце, во која трагично загинаа единаесет армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг.

Од Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на Армијата информираат дека на спомен одбележјето на хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце цвеќе ќе положат делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, предводена од директорот на генералштабот, бригаден генерал Симеон Трајковски, од кабинетот на Претседателот, од Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, прва пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Претходно, припадниците на воздухопловниот ВИНГ ќе положат цвеќе и на спомен обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

(ВИДЕО) Три лица загинаа во тешка поморска несреќа кај Сплит, по едно лице сè уште се трага

A1on

(ФОТО) Слета во бездна длабока 150 метри, па сам излезе од смачканиот автомобил

А1он

(ВИДЕО) Се урна гондола во швајцарски скијачки центар – еден патник загина

А1он

Возач на камион од Хрватска загина во Италија – го згмечи товар пченка

А1он

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути