Над 50 новинари настрадале за време на протестите во Бразил

Од:

Повеќе од 50 новинари биле повредени, малтретирани и уапсени од почетокот на протестите во Бразил, соопшти бразилската Асоцијација за истражувачко новинарство.

Протестите избувнаа поради зголемување на цената на билетите за градскиот транспорт, а потоа преминаа во антивладини протести поради корупцијата во Владата, високите даноци, лошиот квалитет на јавните услуги и големите расходи за спортските настани како Купот на конфедерациите, Мундијалот и Летните олимписки игри.

Асоцијацијата тврди дека 34 новинари биле жртва на агресија или закани од страна на полицијата, шест репортери биле уапсени, а 12 новинари биле повредени од демонстрантите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил