Над 20.000 лица настрадаа во поплави во Јужен Бразил

Од:

Над 20.000 лица настрадаа од поплави како последица на поројни дождови во јужниот дел на Бразил. Според првичните информации две лица загинале, соопшти службата за цивилна одбрана во државата Рио Гранди Сул, каде е прогласена вонредна состојба.

Најзасегната е општината Итаки, што се граничи со Аргентина, каде поплавените домови биле принудени да ги напуштат над 9.000 лица. Во градот Уругуаја без покрив над главата останале над 5.000 лица.

Ситуацијата во настраданите региони се усложнува од претстојното заладување. Метеоролозите прогнозираат дека во наредните два дена во јужните реони на земјата, над кои се формирал студен атмосферски бран, дождовите ќе продолжат, а температурите може да паднат до 6 степени целзиусови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил