Над 10.000 Курди во Стразбур бараа ослободување на Абдула Оџалан

Од:

Околу 10.000 Курди денеска демонстрираа по улиците на Стразбур, инсистирајќи Турција да го ослободи лидерот на Курдската работничка партија (ПКК),Абдула Оџалан, кој на турскиот остров Имрали ја издржува доживотната затворска казна и бараа „правда“ по убиството во Париз на трите курдски активистки, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на префектурата во Стразбур.

Според организаторите, во протестот се вклучиле 45.000 лица.

Демонстрантите, пристигнати од неколку земји од Европа (Германија, Франција, Белгија, Холандија, Луксембург), носеа транспаренти со паролите „Слободен Курдистан“ и големи портрети на Оџалан.

На чело на протестната поворка одеа десетици жени со бели блузи со ликот на трите курдски активистки, убиени на 9 јануари во информативниот центар на Курдистан во Париз.

Демонстрантите носеа транспарент со натписот “Ние сакаме правда, ние сакаме отчет“.

-Ние немама веќе доверба во француските власти, бидејќи месец и половина по убиството се уште не се познати нарачателите, не се знае ништо, рече Махмуд Ерол од Културната асоцијација на Месопотамија.

Триесетгодишен турски државјанин, кој тврди дека две години е член на ПКК, беше обвинет и уапсен во Париз во врска со убиството на активистките.

Демонстрантите протестираа, исто така, и против неодамнешното приведување на 17 Курди во Бордо и Тулуз во рамки на истрагата за обиди за рекет во корист на Курдската работничка партија (ПКК).

„Ослободете ги курдските политички затвореници во Франција“, беше напишано на транспарент што го носеа демонстрантите.

Курдите во Европа вообичаено секоја година организираат масовни демонтрации во Стразбур во средината на февруари по повод годишнината од апсењето на Оџалан, што се случи на 15 февруари 1999 година.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски