Над 1.400 жртви од топлотен бран во Индија

Од:

Индија изминатиот период е зафатена од топлотен бран, поради што за еден месец животите ги загубија 1.412 лица.

Поголем број од смртните случаи се регистрирани во јужните делови на сојузните држави Андра Прадеш и Теланган, каде температурата надминува 48 степени. Меѓу најзагрозените се стари и сиромашни лица, кои во најголем дел живеат во колиби без клима уреди.

Властите предупредуваат населението да не се изложува на сонце, да ја покриваат главата и да пијат многу вода. Сепак, голем број Индијци се принудени да работат поради големата сиромаштија.

Во градот Низамабаду, градежните работници се уште се на работа. – Нашите животи зависат од работата, изјави Махалакшми, која дневно заработува 3,1 долар. Таа ги занемарува предупредувањата да се избегнува работа за време на жешките периоди, објаснувајќи дека нејзиното семејство во тој случај нема да има од што за живее.

Метеоролозите најавуваат дека во следните денови ќе продолжат високите температури од кои се уништуваат патиштата, посевите и се загрозуваат работниците, земјоделците и останатите што работат на отворено. Монсунските дождови се очекуваат од следната недела во јужната држава Керала, од каде полека ќе се движат кон север.

Волонтери на улиците делат солен путер и сиров кромид, за кои се верува дека ја одржуваат хидратацијата на организмот. Луѓето користат шалови и марами за блокирање на топлиот воздух.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку деветмина загинати, а 64 се тешко повредени во експлозија во хемиска фабрика во Индија

Индија: Најмалку девет лица починаа од топлотен удар

Пијан малолетник во Индија со „порше“ усмрти две лица, за казна мора да напише есеј

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски