Над 1.000 муслимани фатени за раце симболично ја чуваа синагогата во Осло

Од:

Над 1,000 норвешки муслимани вчера учествуваа во акцијата на солидарност со еврејската заедница во кралството по терористичките напади во Копенхаген и Париз, во кои жртви беа и Евреи.

Учесниците во акцијата, што се оддржа при температури под нулата, направија „прстен на мирот“ околу главната синагога во Осло, пренесе ТАСС.

Според Хајрах Аршад, еден од осуммината независни организатори на акцијата, настанот покажа дека „исламот е за љубов и единство“.

-Ние сакаме да покажеме дека Евреите и муслиманите не се мразат, рече организаторот Зешан Абдула.

Главниот рабин на Норвешка, Михаел Мелхиор, надвор од синагогата испеа традиционална еврејска песна пред големата толпа луѓе, кои се држеа за раце, забележуваат американските медиуми.

Хаса Раџа, исто така, еден од организаторите на „прстенот на мирот“, рече дека песната ја слушнал за првпат.

Првиот човек на еврејската заедница во Осло, Ервин Кон, настанот го нарече „уникатен“.

Во неколку европски држави во последно време се забележува зголемување на антисемитските инциденти, наведуваат американските медиуми.

Според истражување на јавното мислење, во Норвешка има доста високо ниво на антисемитизам, дополнува ТАСС. Речиси секој осми Норвежанец има јасно изразени антисемитски ставови, во услови кога во земјата живеат околу 1.300 Евреи, посочува руската агенција.

Би можело да ве интересира

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби