Национален штрајк во Бразил

Од:

Илјадници бразилски работници денеска не отидоа на работа како дел од националниот штрајк за подобри услови за работа и подобрување на јавните услуги.

Штрајкот е во организација на најголемите бразилски синдикати. Рaботниците делумно или целосно блокираа 17 магистрални патишта во седум бразилски сојузни држави.

Поради штрајкот некои училишта се затворени, а некои болници работаат со намален капацитет.

Вработените во метрото, автобускиот и железничкиот транспорт во Сао Паоло, Рио де Женеиро и другите градови не се приклучија кон штрајкот.

Штрајкувачите бараат подобри услуги во сферата на јавниот транспорт, здравството и образованието, како и реформи во земјоделството и помала работна недела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил