На Тајланд направен робот што од шише на Астра Зенека може да извлече 12 дози вакцини

Од:

Тајландски научници развија машина за поефикасно извлекување на дозите од вакцината против „Ковид-19“, а истовремено и оптимизирање на користењето на залихите, објави Универзитетот Чулалонгкорн.

Користејќи роботска рака, системот AutoVacc може да извлече 12 дози вакцина од шишенцето за четири минути, што е за 20 проценти повеќе од стандардните 10 дози добиени рачно.

Машината во моментов работи само со шишенцата на „Астра Зенека“, на кои пишува дека содржат од 10 до 11 дози.

– Дополнителни 20 проценти значи дека ако имаме „Астра Зенека“ за милион луѓе, оваа машина може да го зголеми бројот на дози за 1,2 милиони, рече Јутамас Ратанварапорн, главен научник во Универзитетскиот центар за биомедицинско инженерство.

Таа додаде дека некои здравствени работници кои користат шприцеви со мал волумен (ЛДСС) можат рачно да извлечат до 12 дози од шише, но ова бара повеќе работна сила и високо ниво на вештина.

Тајланд генерално добро ја контролира пандемијата на „Ковид-19“, но Делта сојот го зголеми бројот на новозаразени и смртни случаи од април, зголемувајќи го притисокот од властите за забрзување на вакцинацијата.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд