На Сирија се уште и се заканува напад

Од:

Во рамките на изложбата вооружување и воени техники „Russia Arms Expo“ се одржа дискусија „Меѓународен мир и безбедност“. Како што пренесе „Глас на Русија“ заменикот министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков главно зборуваше за изборот за толкување на правата од Уставот на ОН.

Според зборовите на дипломатите, Москва се залага за создавање единствен документ, кој може да ги реши овие прашања. Сепак оваа мислење на Русија не го делат сите држави.

Тие би сакале да остават одврзани раце и по можност со ништо да не се ограничи, за да може да се дејствува според либиската процедура, кога коалиција држава, главно сојузник на НАТО, застане на страната на бунтовниците. Ние сме против тоа. Сакаме конфликтите да се решаваат по пат на превентивна дипломатија, а дури кога веќе нема друг излез, тогаш тоа да се реализира преку мандат на СБ на ОН.

На пример со примена на сила без санкции СБ на ОН би претставувало удар врз Сирија.Сепак благодарение на руските напори оваа операција е одложена.Накратко конечно „не“ на сценариото кое што вклучува употреба на сила се уште не е гарантирано, констатира Сергеј Рјапков.

-Успеавме на некое време да ја одложиме опасноста од употреба на сила, работиме на тоа привремената одлука да ја претвориме во трајна, и опасноста да ја отстраниме во потполност. Што треба да се направи за да сето тоа се реализира. Да се движи по патеката која што е зацртана во планот Лавров-Кери.

Планот на Лавров и Кери беше разработен по тридневни преговори на шефовите на дипломатиите на Русија и САД во Женева. Тогаш страните прифатија решение во рамките на уништување на хемиското оружје во Сирија.

Уште пре тоа Дамаск исполни еден услов од планот и пристапи на Организацијата за забрана на хемиското оружје. За кратко време сириските власти исполнија уште еден услов на ОЗХО и ја предадоа целосната документација за своите залихи на хемиско оружје.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск