На Самитот на Африканската унија осуден бранот државни удари на континентот

Од:

Африканските лидери присутни на Самитот на Африканската унија „недвосмислено“ го осудија неодамнешниот бран државни удари на континентот, соопшти денеска комесарот задолжен за политички прашања, мир и безбедност на таа пан-африканска организација.

– Секој африкански лидер на собирот недвосмислено го осуди моделот, повторното појавување, циклусот, бранот, неуставните промени на влади, рече Банколе Адеоје на прес-конференција за време на самитот на Африканската унија што завршува вечерва во главниот град на Етиопија, Адис Абеба.

– Африканската унија нема да толерира никаков воен удар во каква било форма, додаде тој и потсети дека Советот за мир и безбедност на Африканската унија ги суспендираше земјите каде што се случи пуч.

– Во ниту еден момент од историјата на Африканската унија не сме имале четири земји суспендирани во една година, на 12 месеци – Мали, Гвинеја, Судан и Буркина Фасо, рече тој.

Зборувајќи за Западна Африка, каде се наоѓаат три од четирите суспендирани земји, тој оцени дека земјите од Сахел не треба повторно да станат жариште на неуставни промени на влади.

Во говорот на вќерашното отворање на Самитот, претседателот на Комисијата на Африканската унија, Муса Факи Махамат, зборуваше за „фаталниот бран“ државни удари и ги посочи познатите причинско-последични врски со развојот на тероризмот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

ВИДЕО: Израелска дипломатка протерана од самитот на Африканската унија

Ана Ололовска

Безбедноста и одговорот на пандемијата се главни теми на Самитот на Африканската унија

Ана Ололовска

Муса Факи Махамат реизбран за претседател на Африканската унија

Ана Ололовска

Африканските лидери го отфрлија „договорот на векот“ како нелегален

Ана Ололовска

„Гардијан“: Африканските земји сакаат да ги спречат „излезните центри“ на ЕУ