На руските научници им се ограничени контактите со странски колеги

Од:

Руските научници добија нови владини препораки за наметнување големи ограничувања на нивните контакти со странски колеги. За многу руски научници, тие пречки предизвикуваат стравувања од враќање во советската ера.

Во Одредбата поднесена до руските институти од Министерството за образование и истражување се вели дека секоја средба со странски научници, во која учествуваат најмалку три лица, како и состаноци надвор од работното време, треба да бидат одобрени од администрацијата. Учесниците на состанокот се должни да достават извештај за нив.

Министерството исто така советува подолги проверки на странците кои сакаат да влезат во руските институти и ограничувања на нивните електронски уреди, па дури и часовниците, што тие ќе можат да ги користат само во случаи предвидени со меѓународни договори.

Александар Фредков, професор по физика, кој ја води лабораторијата во Санкт Петербург, во отворено писмо предупреди за „апсурдни и нереални мерки“.

„Што ќе се случува ако организираме меѓународна конференција со учество на многу странци? Дали на сите ќе им ги одземеме часовниците и телефоните?”, запраша Фрадков и истакна дека таквите мерки нема да ја зголемат безбедноста на неговата држава туку само ќе зголемат изолација.

Министерството за образование и истражување не ја коментираше одредбата, која институтот во кој работи Фрадков ја добиле во јули.

„Целата наука е изградена на комуникација и размена на информации. Ако се придржувате кон таа одредба, тогаш ќе мора да напишете извештај за да излезете на кафе со странски колега. Станува збор за враќање во советската ера кога научниците не можеле да разговараат со странските колеги без да биде присутно трето лице “, нагласи рускиот физичар, оценувајќи дека „тој не е во состојба да работи според новите правила и се надева дека научниците ќе се обединат против нив“.

Друг научник на рускиот Институт за физика, кој сакаше да остане анонимен, рече дека новите препораки веќе се спроведуваат и го отежнуваат странци да учествуваат на важни состаноци.

Со години руската научна заедница беше загрижена за растечкото влијание на тајните служби врз нивната работа. Неколку научници се осудени за „предавство или шпионирање“.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија