На Малта тројно зголемено „онлајн“ купувањето на таблети за абортус

Од:

За време на пандемијата со Ковид-19, на Малта трипати е зголемен бројот на нарачки на интернет на таблети за абортус, објави британскиот весник Гардијан.

На Малта абортусот е забранет во сите случаи, поради што единствен начин за прекин на бременоста е нарачување на таблети за абортус. Но, и тоа е кривично дело.

Нарачките на таблети за абортус тројно се зголемени за време на пандемијата со новиот коронавирус, бидејќи жените, поради затворените граници не можат да патуваат во странство, наведе Гардијан.

Законот за забрана на абортусот на Малта датира од британскиот колонијален период.

Според кривичниот закон на Малта, секој кој бара помош или помага при абортус може да биде осуден на затворска казна до три години.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски